Италијанското обвинителство ги „чешла“ документите на Наполи, кои се поврзани со трансферот на Виктор Осимен. Тој во Наполи пристигна во 2020-та од Лил за 75 милиони евра, а наводно имало одредени неправилности при овој трансфер, пред се во финансиите.
Италијанските медиуми пренесуваат дека ако се докажат малверзации, можно е Наполи да биде казнет, слично како Јувентус, кој исто така поради малверзации во финансиските книги при трансфери, е казнет со одземање на 15 бодови, но и суспензија на челните луѓе, на чело со Андреа Ањели.
