Дали наскоро ќе се вратат на теренот? Интер и Јуве ги повикаа странците да се вратат

Written by

in

Непосредно по информацијата дека италијанските клубови би можеле да почнат со тренинзи на 4-ти мај, се појави и веста дека клубовите Интер и Јувентус веќе ги повикале своите фудбалери, странци, да се вратат во тренинг камповите.

По појавата на пандемијата двата клуба им дозволиле на своите играчи од други земји да заминат дома, но сега ги повикуваат назад.

Бараат најкасно до 13 април да се вратат, а потоа ќе поминат задолжителен 14-дневен карантин.

 

Се уште не се знае кога и дали и на кој начин ќе се доигра Серие А.