Фудбалскиот свет е во шок по информациите дека Лео Меси сака да ја напушти Барселона.
Имено, ова лето сфати дека е вистинско време да го напуштам „Камп Ноу“, а за тоа го извести новиот тренер, но и раководството на Барселона.
Очигледно, тие не се единствените што беа информирани затоа што легендарниот Карлес Пујол се огласи на Твитер, а причина за твитот беше Меси.
„Почитување и восхит, Лео. Сè најдобро, мојот пријател“, напиша Пујол на својот профил на Твитер.
Неговиот твит изгледа како проштална порака, а бидејќи двајцата се одлични пријатели, никој не би бил изненаден доколку Пујол веќе знае дека Меси заминува.
Respeto y admiración, Leo. Todo mi apoyo, amigo.
— Carles Puyol (@Carles5puyol) August 25, 2020