Франс Фудбал пред неколку дена ја објави листата на кандидати за освојување на Златната топка.
Меѓу кандидатите, се разбира, се и најголемите фудбалски sвезди во светот, но сенегалскиот фудбалер Калиду Кулибали смета дека сигурно имало простор за голманот на Челзи, Едуард Менди.
Одличниот голман е еден од најзаслужните за освојување на Лигата на шампионите. Тој бранеше навистина прекрасно и Кулибали смета дека мораше да биде меѓу 30. избрани.
🔴 OFFICIEL ! Les 3️⃣0️⃣ nommés pour le Ballon d'Or 2021. ✨ pic.twitter.com/fDJcxA8R8r
— Actu Foot (@ActuFoot_) October 8, 2021
„Срамота е Еду да не е меѓу избраните играчи. Тој е првиот голман од Африка што ја освои Лигата на шампионите. Сепак, ние треба да работиме двојно повеќе од другите за да бидеме правично судени“, рече Кулибали, додавајќи:
„Тој е многу позитивна личност. Разговаравме за Златната топка и тој ќе продолжи да се бори за да се најде на списокот. За мене, тој мораше да биде меѓу тие 30 играчи“.
Африка има двајца играчи на листата за најдобри во светот, и тоа Мохамед Салах (Египет – Ливерпул) и Ријад Махрез (Алжир – Манчестер Сити).
Единствениот африкански фудбалер што ја освои наградата за најдобар во светот е славниот Џорџ Веа, кој ја освои наградата во 1995 година.
Златната топка не беше доделена минатата година поради пандемијата на коронавирус, а последниот добитник е Лионел Меси, кој во 2019 година ја освои рекордната шеста награда за најдобра во светот.