Зинедин Зидан би можел да добие отказ од Реал Мадрид.
Кралевите играат навистина лошо оваа сезона. Новиот во низата шокантни резултати пристигна вчера во Лигата на шампионите каде Реал загуби од Шахтјор со 2-0 и со тоа го загрози нивниот пласман во нокаут фазата.
Овој пораз ја доведе во прашање работата на Зинедин Зидан. Марка тврди дека управата на клубот, предводена од Флорентино Перез, сериозно размислува да го отпушти Зидан и нема да биде чудо ако тоа се случи.
Сепак, легендарниот Французин не сака да замине така.
“Не, нема да дадам оставка. Останувам тренер и продолжуваме да се бориме”, рече Зидан по натпреварот против Шахтјор.
Сепак, Перез ќе го има последниот збор. Тој наводно е подготвен да направи промени, а како кандидат за наследник на Зидан се споменува Маурисио Почетино.
Фудбалерите засега се со Зидан. Убедени се дека ситуацијата наскоро ќе се подобри и дека во моментов нема потреба да се менува нешто.
Ќе видиме што ќе се случи во наредните денови, но позицијата на легендарниот Французин е многу загрозена.