Во некои медиуми во последните денови можеше да се прочита информација дека Манчестер Јунајтед ќе добие нов капитен.
Хари Мегваер наводно ја изгубил довербата во соблекувалната и новиот капитен требало да стане Кристијано Роналдо.
Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед Ралф Рангник ја демантираше оваа информација и изјави дека англискиот дефанзивец ќе остане капитен на „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната.
„Мегваер е капитен на Манчестер Јунајтед и така ќе остане до крајот на сезоната. Немам што друго да кажам на оваа тема“, изјави германскиот стручњак и продолжи:
„Не сум фрустриран затоа што знам дека ништо од ова не е вистина. Претходно кажав дека никогаш немало проблем кој е капитен. Да бидам искрен, не слушам премногу што се зборува бидејќи јас сум фокусиран на тренинзите и подготовките за натпреварот“.
Следен предизвик со кој се соочува Манчестер Јунајтед се натпреварите против Лидс Јунајтед во Премиершип во недела, а следната среда ќе следи пресметката со Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.