ФУДБАЛ

Дали се подготвува невидено предавство? Крос вели: Меси ќе мора да има…!

Тони Крос обично ги известува навивачите преку подкастот Еинфах мал лупен, кој го одржува заедно со неговиот брат Феликс.

Во последното издание, играчот за врска го коментираше статусот на Лео Меси и неговата одлука да ја напушти Барселона. Германецот нема ништо против Аргентинецот да го напушти „Камп Ноу“.

Тони му призна на својот брат Феликс дека е изненаден од одлуката на Меси, но рече дека засега нема „инсајдерски“ информации за иднината на капитенот на Барселона.

“Меси е еден од најдобрите на сите времиња. Ако играч од таков калибар престане да игра за најголемиот ривал, јасно е дека нема да жалиме премногу за тоа”, рече играчот на Реал.

Крос верува дека Меси не е во состојба да го направи најголемото предавство во историјата на фудбалот и да се пресели од Барселона во Реал Мадрид.

“Мислам дека тој не е во состојба да го стори тоа. Тој треба да има мади*а за тоа”, заклучи германскиот репрезентативец.