Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин. По минатогодишната дебитантска сезона со 18 голови, Миовски продолжува со одличните настапи и оваа сезона. Постигна пет голови и една асистенција на 13 одиграни мечеви за својот тим. Секако ова не остана незабележано, па интерес за него покажува и Селтик. Како што пишуваат тамошните медиуми Абердин е подготвен да го пушти Миовски за добра сума, а медиумите велат дека Селтик е подготвен да го сруши рекордот кога се во прашање овие два клуба. Во моментов рекордот е на Скот Браун, кого Селтик го купи за 4,4 милиони фунти.
Дали Селтик го руши рекордот за да го купи нашиот Миовски?!
