ФУДБАЛ

Дали судиите повторно му помогнаа на Реал?

Реал Мадрид е најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, но го краси и неславната етикета дека постојано има помош од судии.

Деталот од првото полувреме на натпреварот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид „разбуди немир“, особено кај фудбалските фанови на кои Кралевите не им се при срце.

Имено, Касемиро стартуваше жестоко над Паредес, поради што доби жолт картон.

Потоа влезе во расправија со аргентинскиот играч за врска и го фати играчот на ПСЖ за врат, но судијата Даниеле Орсато не одлучи да го испрати Бразилецот во соблекувалната.

Сепак, правдата некако беше задоволена бидејќи ова беше непарен жолт картон за Касемир поради што ќе го пропушти реваншот.

Инаку, по првото полувреме во Паркот на принцот мрежите мируваат.