ФУДБАЛ

Дали суперкомпјутерот ќе згреши и Сити ќе ја загуби круната?

Битката за титулата во англиската Премиер лига станува се поинтересна. И покрај сите очекувања, Арсенал води на табелата од почетокот на шампионатот, многумина го прогнозираа неговиот пад, но и кога тоа се случи другите тимови, а пред се Манчестер Сити не знаеја како да го искористат.

Пред натпреварите од 22. коло, Арсенал беше на 50 бода, пет повеќе, со меч помалку од шампионот и фаворитот за одбрана на титулата на Сити, а потоа во саботата потполно неочекувано загуби од Евертон со 1:0.

При проценката кој би можел да ја освои Премиер лигата, „Мирор“ пред ова коло повикал на помош суперкомпјутер кој пресметал дека тоа ќе биде Сити.

И токму кога помисливте дека сето ова има смисла по поразот на Арсенал на Гудисон, Манчестер Сити вечерва беше поразен од Тотенхем со 1:0, па и по овој викенд разликата во поредокот остана иста. Манчестер Јунајтед во меѓувреме стигна до 42 бода и останува да се види дали ќе може да се вклучи во трката?

Кога ќе ја погледнете табелата, би рекле дека Арсенал никогаш не е поблиску, но треба да имате на ум дека уште еден познат суперкомпјутер неодамна пресмета дека Аргентина ќе го освои Светското првенство… Се друго е историја.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига