ФУДБАЛ

Дали тоа што го направи Роналдо на натпреварот на Олд Трафорд е простливо?

Кристијано Роналдо денеска ги одигра првите минути за Манчестер Јунајтед во новата сезона.

Искусниот Португалец одигра 45 минути во ремито против Рајо Ваљекано (1:1), но не импресионираше премногу со својот настап.

Роналдо не го виде крајот на натпреварот на Олд Трафорд. Тој одлучи да го напушти стадионот предвреме и камерите го фатија како го напушта познатиот стадион порано од сите останати.

Мислењата на навивачите во овој случај се поделени. Некои сметаат дека не требало да го направи ова и дека требало да почека да заврши натпреварот и да се поздрави со колегите, а други не му замеруваат премногу бидејќи се уште е пријателски натпревар.

Во изминативе недели Кристијано беше во центарот на вниманието на светската јавност. Тој наводно побарал трансфер од клубот бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите, а потоа објавил дека се што е објавено за него е обична лага.

Сепак, и покрај ова, многу медиуми пишуваат дека ЦР сепак сака да си замине. Можеби оваа сцена е најдобар доказ за тоа.

Кристијано беше најдобар играч на Јунајтед минатата година. Тој одигра 37 натпревари и постигна 24 гола.

Ќе видиме дали ќе го носи дресот на Јунајтед во наредните месеци.