ФУДБАЛ

Дали УЕФА се обидува да се „испере“, поништен црвениот картон на Вебо?!

Асистентот на турскиот тим Башакшехир, Пјер Вебо, вечерва на доигрувањето на мечот со ПСЖ, кој синоќа беше прекинат, ќе може да седи на клупата на својот тим. Ова доаѓа откако УЕФА одлучи да го суспендира црвениот картон кој му беше покажан. Со ова веројатно УЕФА се обидува да ги ублажи реакциите по синоќешниот расистички испад на четвртиот судија кој со зборовите „овој црнец овде“ му покажа на главниот судија на кого треба да му покаже црвен картон.

Токму поради ова настана прекин по кој фудбалерите на турскиот тим не сакаа да го доиграат мечот, а поддршка добија и од фудбалерите на ПСЖ.