ФУДБАЛ

Дали вредеше? Судијата побара автограм од Меси на крајот од натпреварот и доби голема суспензија (ВИДЕО)

Интер Мајами го совлада Спортинг Канзас Сити со 1-0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на КОНКАКАФ минатата недела, а судијата на тој натпревар, Марко Ортиз, доби голема суспензија поради интеракција со Лионел Меси на крајот од натпреварот.

Имено, по крајот на натпреварот, мексиканскиот судија ги поздрави сите играчи, а потоа го запре Меси и му побара автограм. Управното тело на фудбалот во Северна и Централна Америка (КОНКАКАФ) објави дека Ортиз е суспендиран на шест месеци поради ова.