Ливерпул без дискусија е еден од најголемите англиски и европски клубови.
Дури 19 пати овој клуб бил шампион на Англија, европски првак бил шест пати (двапати во форматот на Лигата на шампионите), еднаш светски клупски шампион со многу англиски купови и УЕФА Суперкупови.
Исто така, дербито со градскиот ривал Евертон познато како Мерсисајд дерби е едно од најголемите во фудбалот, а многумина не ги знаат причините зошто.
Имено, Ливерпул е основан по Евертон во 1892 година, а во истата секунда настана ривалство со „карамелите“.
Малкумина фудбалски фанатици го знаат фактот дека Енфилд всушност бил дом на Евертон, кој играл на овој стадион од неговата изградба во 1884 година до 1892 година, кога биле основани црвените.
Причината за преселбата на Евертон на „Гудисон Парк“ беа несогласувањата со сопственикот на стадионот, Џон Хулдинг. Набргу потоа, Холдинг основал нов фудбалски клуб наречен Ливерпул, а останатото е историја.
Интересен е и фактот што овие два стадиона се оддалечени помалку од еден километар.

Од вкупно 206 одиграни Мерсисајд дербија, Ливерпул победил 79 пати, Евертон 64 пати и 63 натпревари завршиле нерешено.