ПСЖ на домашен терен игра против Мец во последното коло од француската Лига 1.
Ноќта за парижаните не можеше да започне подобро бидејќи пред почетокот на натпреварот од клубот потврдија дека Килијан Мбапе ќе остане и дека го продолжи договорот до летото 2025 година.
Иако сите го видоа во дресот на Реал Мадрид, тој се предомисли и остана во Париз, а тоа беше и официјално потврдено пред почетокот на натпреварот, поради што видовме ерупција од ентузијазам на Паркот на принцовите.
Тој покажа дека Мбапе е многу мотивиран набргу потоа. Играше од првата минута, а потоа на сите им покажа за каков напаѓач се работи.
Во 25. минута, Мбапе најпрвин успеа да постигне 1:0 на асистенција на Ди Марија, а само три минути подоцна постигна гол за 2:0. Овој пат му асистираше Меси.
https://twitter.com/i6astv/status/1528095954842308609