Искусниот Бразилец потпиша за мексиканскиот Пумас.
Овој 39-годишен чувар ја прифати понудата на Пумас и кариерата ја продолжува во Мексико, што и официјално беше потврдено.
Првиот меч за новиот клуб Алвеш би можел да го одигра против „својата“ Барселона. Каталонците го поканија Пумас на трофејот Жоан Гампер, кој е закажан за 7 август на стадионот „Камп Ноу“.
Алвеш е најкорисниот фудбалер со 47 трофеи кои ги освоил додека настапувал за Баија, Севиља, Јувентус, ПСЖ, Сао Паоло и двапати за Барселона.
Единствено што му недостига е светската титула со Бразил, но може да добие шанса да го освои и тоа во Катар на крајот на годината.
Дани Алвеш најубавите денови во кариерата ги помина во Барселона. Со Каталонците ги понесе сите можни трофеи. Тој се врати во клубот минатата зима, но на крајот од сезоната беше вкрстен од Чави Ернандез и замина разочаран.