ФУДБАЛ

Дани Алвеш: Мора да се помириме со моменталната ситуација и да прикажеме добри игри во Лига Европа

Барселона ќе го продолжи европскиот пат во Лига Европа.

Каталонците по 17 години по ред нема да ја дочекаат пролетта во Лигата на шампионите, а ждрепката во Нион одлучи Барселона да ги одмери силите со Наполи во шеснаесетфиналето од Лигата на Европа, што секако ќе биде возбудлив дуел.

Турбулентната сезона на Барселона во Европа ја коментираше и повратникот на Ноу Камп, искусниот Дани Алвеш.

„Мора да се помириме со фактот дека играме во Лига Европа. Го носиме дресот на Барселона и мораме да направиме се за да се покажеме во добро издание и во ова натпреварување“, изјави Алвеш.

„Не е важно противникот кога ќе го носите дресот на Барселона. Тоа е клуб со историја и тоа е вредност што секогаш ја носите кога играте за овој тим. Без разлика дали има ножички или камен пред вас, не треба да размислувате но даде се од себе за Барселона“.

Првите натпревари од шеснаесетфиналето на Европската лига ќе се играат на 17 февруари, додека реваншите се закажани седум дена подоцна.

Потсетуваме дека победниците од овие екипи во осминафиналето ќе играат против екипите кои завршија први во групната фаза од Европската лига и избегнаа шеснаесетфинале.

 

ПОВРЗАНО

Лига Европа