ФУДБАЛ

Дани Олмо е фудбалер на Реал Мадрид од летото?

Иако зимскиот преоден рок во големите европски лиги заврши пред само неколку дена, веќе се појавија многу шпекулации и приказни за тоа кој каде може да се пресели на лето.

Во овој контекст се споменува и поранешниот фудбалер на загрепски Динамо, а денес на Лајпциг, Дани Олмо кој според шпанските медиуми би можел да стане член на големиот Реал Мадрид.

Тимот од Мадрид подготвува големо чистење на соблекувалната на лето, каде што Рамос, Лукас Васкез, Винчиус и некои други фудбалери би можеле да го напуштат клубот. Претседателот Флорентино Перез и тренерот Зинедин Зидан ќе се обидат да го освежат и подмладат сегашниот персонал, а Шпанците тврдат дека одличниот играч за врска Дани Олмо би можел да биде еден од оние кои наскоро би можеле да пристигнат на Бернабеу.

Поранешниот фудбалер на хрватскиот шампион, кој ги бранеше боите на Барселона во помладите категории, се наоѓа во одлична форма во Лајпциг, Германиј.

Олмо е идентификуван како потенцијална замена за Лукас Васкез, чиј договор истекува на крајот на сезоната. Олмо оваа година постигна осум гола за Лајпциг, вклучително и еден против Атлетико Мадрид минатата сезона.