ФУДБАЛ

Дани Олмо објасни зошто не се вратил во Барса: „Се јавија на крајот на јануари, но…“

Шпанскиот фудбалер Дани Олмо го напушти Динамо Загреб оваа зима и одлучи кариерата да ја продолжи во Лајпциг.

Олмо играше одлично во дресот на Динамо, привлекувајќи го интересот на многу клубови. Иако се зборуваше дека може да се врати во Барселона, тој на крајот избра да замине во Лајпциг, што изненади многумина.

Сепак, шпанскиот офанзивен играч не успеа баш добро да се снајде во дресот на германскиот клуб. Повеќето од неговите натпревари ги започна од клупата, но тој верува дека тоа ќе се промени кога сезоната ќе продолжи.

Во интервју за „Мундо Депортиво“, фудбалерот призна дека Барселона покажала интерес за него, но дека тие се повлекле од договорот кога тоа било важно и дека тој го одбрал Лајпциг од таа причина.

„Имав чувство дека интересот на Барселона не е многу сериозен. Разговаравме во ноември минатата година и во моментот се чинеше дека тие сакаат брзо да завршат сè. Тогаш поради некоја причина тие одложија сè и не одговорија до крајот на јануари. Кога слушнале дека одам тие повторно отидоа во Лајпциг и ме замолија да почекам некое време. Сепак, јас веќе му дадов збор на Лајпциг и решив да одам таму. Тоа беше моја одлука и верувам дека сум во право“, рече Олмо.