Фудбалерите на Арсенал се подготвуваат целосно за продолжување на сезоната затоа што за четири дена ќе имаат дерби против Манчестер Сити.
Сезоната во Премиер лигата продолжува после три месеци, а Арсенал веднаш ќе има тешка задача бидејќи игра на гостувањето во „Етихад“ против Сити.
Пред овој натпревар, во центарот на вниманието беше шпанскиот играч од средниот ред Дани Себаљос, кој драстично го промени својот изглед од последниот натпревар што го играше за „Топџиите“.
Фудбалерот на Реал Мадрид кој е на позајмица во Арсенал реши да ја пушти косата надолу за време на карантинот, а многу навивачи не го познаваа веднаш, но призна дека неговиот нов имиџ изгледа многу добро.
