Шпанскиот гигант Барселона е казнет со 15,7 милиони евра од локалните даночни власти, објави Marca, повикувајќи се на информации на „El Confidencial“.
Се тврди дека откриените неправилности се поврзани со финансиските детали околу обезбедувањето автомобили со брендот Аудина фудбалерите, како и непријавувањето на пари уплатени за чартер летови.
Дополнително, Барса погрешно ја пријавила висината на обештетувањето што го добиле поранешните играчи Арда Туран (1,3 милиони евра) и Алекс Сонг (3,5 милиони евра).

Исто така, се додава дека паралелно со оваа истрага, која започна во 2019 година, продолжува и другата – за корупцискиот скандал со поранешниот потпретседател на Судската комисија во Шпанија – Енрикес Негреира.
