ФУДБАЛ

Дарвин Нуњез извади уште 8.500.000 фунти од касата на Ливерпул!

Дарвин Нуњез можеше да одигра подобар дерби дуел против Манчестер Сити, овој негов дуел ќе остане запаметен и по конфликтот што го имаше со Пеп Гвардиола.

Овој натпревар значеше уште една многу важна работа за Ливерпул.

Имено, тој го запиша 60. меч за црвените, па се активираше клаузулата според која Бенфика ќе добие нови 8,5 милиони фунти.

Да потсетиме, неговиот трансфер вредеше 64 милиони фунти, но преку бонуси и клаузули таа сума може да порасне до 85 милиони, што значи дека бонусите сочинуваат 21 милион.

Ливерпул плати 4,3 милиони по 10 настапи за Дарвин Нуњез, а остатокот зависи од неговиот индивидуален учинок за време на договорот, но има големи шанси тој да ги достигне сите бројки и трансферот на крајот да биде гореспоменатите 85 милиони фунти.