Во последниот натпревар од второто коло на Премиер лигата, Ливерпул и Кристал Палас одиграа 1:1 на „Енфилд“.
Палас поведе со голот на Вилфред Заха, за подоцна Дијаз да израмни за „црвените“ и да испадне уште еден бод, иако домашните очигледно ги посакуваа сите тројца.
Покрај тоа, Ливерпул остана и без напаѓачот Дарвин Нуњез, кој летово дојде како најголемо можно засилување од Бенфика.
Уругваецот постигна гол и асистенција во првото коло против Фулам, а синоќа се „прослави“ со удар со глава во лице на противничкиот стопер Јоаким Андерсен во 57. минута, кој очигледно знаеше да го испровоцира.
Нуњез е суспендиран на три натпревари, што значи дека ќе го пропушти и англиското дерби против Манчестер Јунајтед во следната рунда.
Потегот на Нуњез е неразбирлив и за такво нешто нема вистинско објаснување, па на голгетерот му остана само да се извини преку социјалните мрежи.
“Свесен сум за грдиот став што го имав. Тука сум да учам од моите грешки и тоа нема да се повтори”, напиша вечерва Нуњез на социјалните мрежи.
Soy consciente de la fea actitud que tuve. Estoy para aprender de mis errores y no volverá a pasar más. 🫡🙏
— Darwin Núñez (@Darwinn99) August 16, 2022
Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп на прес-конференцијата по мечот со Палас изјави дека ќе разговара со играчот.
„Малку провокација овде и таму – и дефинитивно погрешна реакција. Чист црвен картон, не можам да го негирам тоа. Да, тој ќе научи од тоа. За жал, сега има неколку натпревари да го направи тоа. Не е кул за нас во нашата специфична ситуација, уште помалку, но така е“.
„Да, секако дека ќе разговарам со него. Влегов и сакав да ја видам ситуацијата; не можев да видам ништо за време на натпреварот, па не знаев што се случи. Го видов Андерсен на подот и Дарвин како си заминува. тоа беше мојата слика. Ја прашав тогаш веќе нашата и видов само: „Во ред, црвен картон“. И тогаш видов – да, тоа е црвен картон. Погрешна реакција во таква ситуација. Андерсен тоа го сакаше, би рекол, и Но Дарвин направи грешка, па секако ќе разговараме за тоа“.