Во продолжението од сезоната, македонскиот играч за врска Давид Бабунски ќе игра за унгарски Мезоковешд. Тој го раскина договорот со Дебрецин, каде игра и неговиот помлад брат Доријан. Давид не доби повик од селекторот Милевски за мечевите против Грузија и Бугарија во рамките на Лигата на нации, за разлика од неговиот брат кој ќе биде во составот.
Инаку, своевремено Давид Бабунски, кој е син на славниот македонски репрезентативец Бобан Бабунски, важеше за голем талент. Играше за младите категории на Барселона, за Б тимот на Каталонците, потоа Црвена Звезда, па во тимови во Јапонија. Секако неговата кариера не се развиваше како што се очекуваше.