Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа не одбранил пеанл во Премиер лигата повеќе од шест години.
Иако важи за еден од најдобрите голмани во светот, пеналите на шпанскиот голман очигледно се слаба страна и тој ги брани многу слабо.
Вечерва на мечот против Арсенал прими гол од 11 метри. Го матираше Пјер-Емерик Аубамејанг, и тоа многу лесно, а Шпанецот нема шанси да одбрани.
https://youtu.be/Ce6stcruV7s
Не е ни чудо што последниот пенал во Премиершип Де Хеа го одбрани на 5 октомври 2014 година. Тогаш го одбрани ударот на Лејтон Бејнс на натпреварот против Евертон.
Меѓутоа, тој веќе шест години не успеа да одбрани ниту еден пенал и очигледно казните се голем проблем за него.