Искусниот Давид Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната.
33-годишниот фудбалер има договор до крајот на сезоната и сигурно нема да биде обновен.
Досега Силва има забележано 19 настапи со три голови и седум асистенции, и е член на Сити од 2010 година.
На заминување од Сити треба да му претходи проштален натпревар, но поради коронавирусот, тоа веројатно нема да се случи.
Така, од „Етихад“ ќе замине без проштален натпревар, иако тој сигурно го заслужуваше.
Сити за него плати 35 милиони евра на Валенсија.
Шпанецот има освоено четири титули во Премиер Лигата, пет Лига Купови и еден ФА Куп.