Белгискиот ас на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин имаше епска реакција откако му беше врачен дрес на Манчестер Јунајтед со неговото презиме.
Де Брујн постигна две асистенции во победата на неговиот тим со 6-3 над градскиот ривал Јунајтед на Етихад во неделата.
Белгискиот маестро, кој игра за „граѓаните“ од 2015 година, стана вирален на социјалните мрежи откако на подарок го доби дресот на својот голем ривал.
На дресот дури и беше неговото презиме заедно со бројот 17 на грбот. Овој 31-годишен човек не можеше да се воздржи и си постави едно прашање?
„Дали сега да го запалам?“ ја праша Де Брујн толпата, пред да додаде: „Повеќето соништа се заблуди, нели?
https://twitter.com/wengerinmontu/status/1578336145007849472
Искусниот играч за врска направи и добро познат гест кога некој има грутка во грлото за дополнително да го покаже своето неодобрување за подарокот што штотуку го доби.
Дресот на белгискиот интернационалец на хумористичен начин му го врачи една ТВ куќа од неговиот роден град.
Де Брујн пристигна во Сити пред седум години за 76 милиони евра од Волфсбург и сигурно може да се каже дека е едно од најпрофитабилните засилувања во историјата на фудбалот, пред се поради големиот број асистенции.
Фудбалерот кој повеќе од лесно се откажа во Челзи кога на клупата на „сините“ седеше Жозе Мурињо, веќе има 10 асистенции во досегашниот дел од сезоната.
Многу љубители на фудбалот го сметаат за најдобриот играч за врска на денешницата, кој знаат да го ценат во Сити, па неделно му плаќаат и по 400.000 фунти.