Во последниот натпревар од 33. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити го совлада Вулверхемптон на Молине со убедливи 5:1.
Ова беше прекрасна ноќ за Кевин де Брујн. Белгиецот постигна четири гола и ги приближи Граѓаните до новата титула.
Де Брујн го отвори резултатот во седмата минута од натпреварот. Ја искористи одличната топка на Силва и погоди за 1:0.
Волците се враќаат четири минути подоцна. Дендонкер погоди за 1:1 во 11. минута, но радоста на домашните навивачи не траеше долго. Де Брујн во 16. минута погоди за 2:1.
Де Брујн во 24. минута постигна хет-трик. Овој пат со перфектен удар го совлада голманот на домашната екипа за предност на Сити од 3:1.
Со овој резултат тој се заминаа на одмор, а во 60. минута приказната беше завршена на овој натпревар. Кевин де Брујн повторно погоди за 4:1.
Избраниците на Пеп Гвардиола можеа да слават и со многу поголема разлика. Фоден и Де Брујн ја погодија рамката од голот, а Стерлинг промаши празен гол. Сепак, во 84. минута Стерлинг успеа да погоди за конечни 5:1 за Сити.
Граѓаните на две кола пред крајот се на три бода пред Ливерпул, а во следното коло тимот на Пеп Гвардиола ќе игра против Вест Хем.