Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн се опоравува од повредата, која ја обнови на почетокот на сезоната во август, а додека сите го чекаат неговото враќање на терените, тој реши да се пофали со својот тренер Пеп Гвардиола.
„Јас и Пеп сме доста слични, ментално мудри, како размислуваме за фудбалот“, рече Де Брујн.
Белгискиот репрезентативец се присети на својата прва средба со Гвардиола и колкава доверба тогаш му дал.
„Прв пат разговаравме во 2016 година кога подоцна се вратив од Европското првенство. Се сеќавам како ми рече: „Можеш да бидеш навистина добар фудбалер, меѓу четирите најдобри во светот“, рече Де Брујне, а потоа продолжи:
„Реков: „Леле, во ред“. Тоа ми даде самодоверба да продолжам. Имаме навистина добри односи. Понекогаш е исклучително емотивен кога е фудбалот во прашање и мислам дека тоа не го гледаат сите“, заклучи Белгиецот
