ФУДБАЛ

Де Брујн не разбира како Манчестер Сити загуби од Манчестер Јунајтед

Кевин Де Брујн вели дека не може да сфати како Манчестер Сити си дозволи да загубат со 1:0 од Манчестер Јунајтед во среда вечерта.

Триумфот од 3:1 во првиот натпревар од полуфиналето беше доволен за Сити да стигне до финалето, откако Јунајтед не успеа во возвратниот меч да победи повеќе од 1:0.

Голот на Немања Матиќ беше единствениот на натпреварот, а српскиот играч од средниот ред беше исклучен по вториот жолт картон.

„Не можам да разберам како го загубивме овој натпревар“, изјави Де Брујн за „Sky Sports“.

„Мислам дека Јунајтед немаа шанси денес. Во нападот, денес загубивме многу шанси. Мислам дека треба да учиме од тоа. Добро е што стигнавме до финалето“, додаде тој.