Кевин Де Брујн ќе мора да мирува неколку недели.
Белгиецот заработи повреда на препоните во финалето на Лигата на шампионите, поради што ќе отсуствува долго време.
Тој по само половина час го напушти теренот на „Ататурк“ поради болки во мускулите, а според првите прогнози ќе го пропушти стартот на следната сезона.
„Точно е дека се мачам два месеци и дека играм со болки веќе некое време, од реваншот со Баерн. Морав да пропуштам некои натпревари, но против Арсенал, Баерн или Реал едноставно сакав да играм. Дадов се од себе за мојот тим и за луѓето во клубот. Горд сум на се што направив и не се каам затоа што најважно е што ја освоивме Лигата на шампионите“, изјави Де Брујн.
Наводно, Де Брујн би можел да започне самостојно да тренира на крајот на јули, но нема да може да ги одработи целосните летни подготовки, па прашање е дали ќе биде подготвен за стартот на следната сезона.
