Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујни признаа дека домашната изолација не му „легна“ најдобро.
Многу играчи беа пресреќни кога слушнаа дека мораа да одат во домашна изолација, едноставно заради фактот што ќе поминат многу време со своите семејства. Но, има некои кои не се задоволни со тоа.
Првиот што призна дека не може да дочека да заврши сето ова е Де Брујн. Белгиецот дури и открил на својата сопруга дека ќе ја продолжи кариерата затоа што видел колку е досаден животот без фудбал.
„И реков на сопругата дека ќе играм малку подолго отколку што планирав. После оваа изолација, сфатив дека не можам да ги поминувам деновите само во куќата. И реков дека ќе играм две сезони подолго”, рече Де Брујн додавајќи.
„Навистина ми е тешко без фудбал. Не можам да дочекам сезоната да продолжи и се надевам дека ќе се случи што е можно побрзо. Сега мора да ги следиме сите упатства на лекарите да го победиме сето ова. Луѓето го сакаат фудбалот, но здравјето е на прво место”.