Давид Де Геа се уште е без клуб откако се раздели со Манчестер Јунајтед, голманот сака да остане во фудбалот но во друга улога.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Де Геа е заинтересиран да купи фудбалски клуб во родната земја. Тој и претходно беше во преговори околу купувањето на Елче, но преговорите беа неуспешни.
Кога сфатил дека после тоа нема ништо, почнал да бара друг клуб, а изгледа сега го нашол.
Тоа е Елденсе, кој се натпреварува во Сегуда, Шпанија и моментално ја зазема 11-тата позиција.
Медиумите во Шпанија пишуваат и дека Де Геа се сретнал со актуелниот претседател на клубот Пасквал Перез и изјавил дека наскоро ќе се појави со официјална понуда.
Точната бројка што е подготвен да ја понуди за купување на клубот наскоро ќе биде позната.
