ФУДБАЛ

Де Геа прифати намалување на платата и ќе остане во Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед и поранешен шпански репрезентативец Давид де Хеа е подготвен да го продолжи договорот со гигантот од „Олд Трафорд“.

 

Весникот „Сан“ наведува дека Де Хеа се согласил на намалување на платата, бидејќи сака да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед. Тоа беше условот на клубот за продолжување на договорот.

 

Де Геа има договор со Манчестер Јунајтед до 30 јуни оваа година, но има опција да го напушти англискиот клуб без обештетување на крајот на сезоната доколку не сака да го продолжи договорот.

 

Неговата пазарна вредност е 15.000.000 евра. Де Геа (32) пристигна во Манчестер Јунајтед во 2011 година од Атлетико Мадрид. За англискиот клуб бранеше на 513 натпревари.