ФУДБАЛ

Де Геа верува дека некој го проколнал Манчестер Јунајтед: „Такво нешто мора да биде“

Манчестер Јунајтед и оваа сезона игра доста слабо, а „црвените ѓаволи“ ни по девет години нема да ја освојат титулата во Премиер лигата.

Тимот од „Олд Трафорд“ повторно ќе се бори за место во Лигата на шампионите, а голманот Давид де Геа смета дека овој тим некого го прогонувал и затоа не оди се како што треба.

„Верувам дека некој не проколнал или нешто слично. Навистина веќе не знам што се случува“, изјави Де Геа за El Pais.

„Луѓето често ме прашуваат за ситуацијата во клубот. Често разговарам со моите соиграчи и не знаеме што се случува. Требаше да се бориме за нови трофеи, но не знам зошто овој тим не работи како што треба“, истакна Де Геа.

Шпанскиот голман е во Јунајтед од 2011 година, но успеа да освои само една титула во 2013 година.

Тој сè уште може да се пофали дека го освоил ФА Купот, ЕФЛ Купот, Европската лига и три Комјунити Шилд.

Сепак, човек кој дури 470 пати застанал меѓу стативите на англискиот великан, сака повеќе и не може да разбере дека тим со голем број ѕвезди не може да се бори за титулата.
 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига