ФУДБАЛ

Де Хеа сподели фотографија како знак дека наскоро се враќа?

Давид Де Хеа се уште ја чека вистинската понуда.

Шпанецот од летото е без клуб, одби да замине во Саудиска Арабија, а сега неочекувано се појави опцијата за засилување на Њукасл.

Ник Поуп заработи тешка повреда и ќе отсуствува неколку месеци, па веднаш се појави гласина дека може да замине во Њукасл.

Иако Еди Хау изјави дека му верува на Мартин Дубравка, гласините се уште се присутни.

Индиректно ги загреа и Де Хеа, кој на својот Инстаграм сподели фотографија од тренингот со порака „работа, работа, работа“.

Секако, Англичаните веднаш го поврзаа со тоа што многумина повторно го гледаат меѓу стативите и дека се подготвува за веднаш да застане на голот.

Останува да видиме што ќе направи Њукасл и дали Дубравка ќе ја оправда довербата и шансата што му беше дадена…