ФУДБАЛ

Де Јонг: Фрустриран сум

Барселона ја победи Мајорка со 2:1 во 34. коло од шпанската Примера, а по натпреварот една од главните теми беше играчот од средниот ред на Барса, Френки де Јонг, кој ги одигра сите 90 минути.

Се зборуваше дека Холанѓанецот е незадоволен од улогата и минутажата на Чави. Сепак, Де Јонг го негираше тоа.

„Разговорот со тренерот беше многу добар. Јас му верувам, и тој ми верува мене. Сите се среќни.“, рече Де Јонг.

Сепак, репрезентативецот на Холандија не е задоволен од сезоната во која Барса остана без ниту еден трофеј.

„Едноставно сум фрустриран. „Не бевме добри оваа година, но се надевам дека ќе продолжиме да напредуваме и дека следната сезона се ќе биде поинаку“, изјави 24-годишниот Де Јонг.

Де Јонг пристигна во Барселона со знакот на играч кој ќе биде еден од најдобрите во светот на својата позиција и носител на играта, но тоа не се случи. Холанѓанецот не успеа да го истисне Серхио Бускетс од стартните 11, па од доаѓањето во Барса не игра на својата позиција. Тој пред три години пристигна од Ајакс за 86 милиони евра.