ФУДБАЛ

Де Јонг повторно се повреди, Барса значително ослабена против Реал

Френки де Јонг принудно се врати на теренот, па се чини дека ја влоши ситуацијата.

Според денешните информации, Де Јонг на саботниот тренинг повторно почувствувал болка и после тоа морал да оди на дополнителни прегледи.

Тие утврдија дека на Де Јонг му требаат дополнителни 15 дена одмор, што значи дека ќе го пропушти полуфиналето во Копа дел Реј со Реал во среда.

Ова е голем проблем за Чави Ернандез бидејќи се уште надвор од терените се Педри и Усман Дембеле, како и Андреас Кристенсен, кој се повреди за време на репрезентативната пауза.

Се очекува наместо Данецот да игра Маркос Алонсо, а средниот ред во отсуство на Де Јонг и Педри да го сочинуваат – Бускетс, Роберто и Кеси, додека Гави ќе биде лево крило.

Во нападот нема дилеми дека ќе играат Рафиња и Роберт Левандовски.

Барса го доби првиот меч пред еден месец со резултат 1:0, но во реваншот беше значително ослабена, па сѐ уште е отворено.

Натпреварот Барселона – Реал Мадрид е закажан за в среда од 21 часот.