ФУДБАЛ

Де Јонг се прости од Барселона: „Ова беше посебен период“

Дресот на каталонскиот великан Барселона следната сезона нема да го носи холандскиот напаѓач Луук де Јонг.

По едногодишната позајмица од Севиља, договорот на Де Јонг нема да биде откупен и тој денеска ја заврши епизодата во каталонскиот клуб.

Тој со порака на социјалните мрежи се прости од навивачите и клубот.

„Ова беше посебен период. Ви посакувам се најдобро во иднина“, рече Лук де Јонг.

Иако главно не беше во преден план, Луук де Јонг често знаеше да внесе живост во играта на Барселона од клупата за резерви, а на 29 натпревари постигна вкупно седум гола.

Холанѓанецот е врзан за Севиља до летото следната година, а ќе видиме дали воопшто ќе настапува за овој клуб во новата сезона.

Покрај Барселона и Севиља, Луук де Јонг претходно има настапувано и за ПСВ, Њукасл, Борусија Менхенгладбах, Твенте и Де Графшап.