Аурелио Де Лаурентис зборуваше околу „Сан Паоло“ за да стави крај на контроверзноста што трае со месеци. Тој се фокусираше и на ситуацијата со својот тренер.
„Слушнав многу гласини за Анчелоти, но сите тие се глупости. Тој може да остане тука уште десетина години. Јас имам многу добар тренер, имаме пријателски врска и меѓусебно се почитуваме. Слушнав и прочитав многу, бидејќи се расправав со него. Повторувам, како што реков, Анчелоти може да остане тука уште десетина години“.
Потоа, Де Лаурентис кажа и неколку зборови за Колулибали.
„Интерес од Реал Мадрид и Барселона? Јас сум многу задоволен од Кулибали, не само како од фудбалер, туку и како од човек, така што не го продадов дури и за 105 милиони евра. Дефинитивно ќе има време кога ќе мора да продадеме одредени играчи“.