Претседателот на Наполи, Де Лаурентис неодамна објави дека некои од најважните играчи во тимот ќе заминат во јануари.
Една од нив е Хозе Марија Каљехон. Се чини дека Шпанецот лесно ги занемари зборовите на претседателот и веднаш почна да размислува за нова дестинација. Извештаите во медиумите посочуваат дека Каљехон ја избрал Кина.
Во кинеската Супер лига, 32-годишниот фудбалер ќе работи со неговиот поранешен тренер Рафа Бенитез, кој го замоли да дојде во Далјан Јифанг. Тие му нудат на Каљехон плата од 8 милиони евра по сезона и се очекува да отпатува за Кина уште во јануари.