Актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), најверојатно ќе излезе како победник кога се во прашање потписите на стандардните првотимци во дресот на холандскиот гигант Ајакс, Матијас де Лигт и Френки де Јонг.

Двоецот од Ајакс го привлече вниманието на фудбалската јавност со одличните игри кои се прикажани како во домашниот шампионат, така и во Лигата на шампиони. Неофицијално, челниците на баварскиот гигант се подготвени да одвојат околу 150 мил. евра за нивните обесштетувања.