Фудбалерот на Баерн Минхен, Матијс де Лихт е блиску до враќање на терените, откако речиси цел месец паузираше поради повреда на коленото, соопшти денеска германскиот шампион.
Баерн објави дека холандскиот стопер денеска одработил индивидуален тренинг.
Де Лихт го повреди коленото на 1 ноември при изненадувачкиот пораз на Баерн од 2-1 во Купот на Германија од третолигашот Сарбрикен.
Оттогаш тренерот Томас Тухел остана со двајца стопери, па Ким и Упамекано го понесоа тешкиот товар.
По сензационалниот пораз од Сарбрикен, Баерн стигна во низа од четири победи, меѓу кои и триумфот од 4:0 против Борусија Дортмунд.
Фудбалерите на Баерн Минхен во среда играат против Копенхаген во Лигата на шампионите.
