Де Лихт: Отсекогаш сакав да бидам Кристијано Роналдо, дури и мојот прв дрес беше од него

Written by

in

Холандскиот дефанзивец Матијас де Лихт треба да објави во наредните денови каде ќе продолжи со кариерата.

Де Лихт го привлече интересот на европските великани со одличните игри во дресот на Ајакс, и се чинеше дека ќе ја продолжи кариерата во Барселона. Но, договорот не се одвиваше како што се очекуваше, а Јувентус исто така се придружи во трката за потпис на Де Лихт.

Италијанските медиуми пишуваат веќе неколку дена дека Де Лихт сигурно ќе потпише за „Старата дама“ и дека овој договор ќе биде објавен во следните неколку дена.

На некој начин, Де Лихт во изјава за холандските медиуми го потврди тоа. Тој открил дека негов идол од детството е Кристиано Роналдо и дека секогаш сакал да биде како него.

„Сé се случува премногу брзо. Во текот на сезоната, со клубот одигравме неколку натпреварувања и немав време да размислувам за сè. Сега кога бев со пријателите од детството на вечера зборувавме за многу работи“.

„Дојдовме до заклучок дека секогаш сакав да бидам Кристијано Роналдо, кога ние како деца игравме фудбал во дворот. Особено уште додека беше во Манчестер Јунајтед. Дури и мојот прв дрес беше од Роналдо. Таа вечера беше веднаш по натпреварот против Јувентус во лигата на шампионите, кога се сретнав со Роналдо“, рече Де Лихт.

Знаејќи како стојат работите во светот на фудбалот, не би било изненадувачки Де Лихт на крајот да потпише за Барселона или некој трет клуб.