ФУДБАЛ

Де Роси откри зошто го одби Манчестер Јунајтед

Легендарниот италијански репрезентативец Даниеле Де Роси во текот на својата кариера има играно само за два клуба – Рома и Бока Јуниорс. Тој имаше шанса да игра за Манчестер Јунајтед, но тој одби.

Де Роси во текот на својата кариера оствари над 600 настапи за Рома, и се пензионира во Бока. Некогаш тој беше желба на многу европски великани, но во тоа време не сакаше да ги напушти Ромите.

Дури и одличниот Манчестер го одби, а денес, по многу години, објаснува зошто го сторил тоа.

„Уште кога бев дете, го сакав Јунајтед. Но, тоа беше вистинската одлука кога решив да не одам во тој клуб бидејќи Рој Кин и Пол Сколс играа на мојата позиција. Неверојатни играчи“, изјави Де Роси за „Скај Спорт“.

Тој додаде и дека неговата желба беше еден ден да го носи дресот на Бока Јуниотс.