Се шпекулира за евентуално враќање на Даниеле де Роси во Рома, следното лето за да го замени неговиот татко како младински тренер на клубот.
Римската легенда Даниеле де Роси ја заврши својата долга кариера со Рома на крајот на минатата сезона.
Играчот од средниот ред тогаш му се придружи на Бока Јуниорс, но повредите му стоеа на патот на кариерата во Аргентина.
Сега, според „Gazzetta dello Sport“, РОам сакаат да ја револуционизираат академијата на клубот и сакаат да го постигнат тоа со назначување на Де Роси за тренер на младинците.
Друг тренер на академијата се очекува да биде Бруно Конти, кој ќе биде надлежен за составот на У-15, додека Алберто Де Роси, кој во моментов е тренер на клубот во Примавера, би бил унапреден во тренер на помлада возрасна група.
Италијанскиот весник известува дека местото на Алберто Де Роси е оставено отворено за неговиот син, Даниеле де Росин.
Римската легенда претходно објави дека би сакал да ја продолжи кариерата како тренер откако се повлече како професионален фудбалер, но никогаш не посочи кога ќе го стори тоа.