Италијанскиот фудбалер и играч на Јувентус, Матијас Де Шиљо беше опериран на коленото, по тешката повреда што ја заработи на првенствениот натпревар против Лече минатата недела.
„Де Шиљо беше опериран на предните вкрстени лигаменти на десното колено. Тој ќе го започне процесот на рехабилитација во наредните денови“, објави торинскиот клуб на својата веб-страница.
Де Шиљо е во Јувентус од 2017 година, со исклучок на сезоната 2020/21 кога играше за Лион како позајмен играч.
Клубот не соопшти колку долго се очекува Де Шиљо да биде надвор од терените, но играчот на Инстаграм по повредата напиша дека го очекуваат тешки „месеци“.
Ќе ја вложам целата моја енергија за што поскоро да се вратам на теренот“, напиша Де Шиљо.
Aggiornamento su Mattia De Sciglio.
Forza @mattia_desci 💪🏻
— JuventusFC (@juventusfc) May 9, 2023
