ФУДБАЛ

Дебакл на Баерн на Алијанц Арена, статусот на Коваќ на стаклени нозе

Кога кандидат за освојување на титулата, кога ќе врзат неколку порази или реми со ред, јасно е дека се работи за некоја голема криза. Така е случајот со Нико Коваќ, чиј Баерн во 7. коло од Бундеслигата, на Алијанц Арена претрпи пораз од Борусија Менхенгладбах со 3:0.

Од самиот почеток, Баварците изгледаа лошо на теренот, непрепознатливи, а Дитер Хекинг и неговите избраници ги искористија и го одиграа најдоброто полувреме од почетокот на сезоната.

Дури по првите 15 минути од натпреварот Борусија Менхенгладбах успеа да постигне два гола. Особено импресивен беше првиот кој го постигна Плеа со фантастичен удар од дваесет метри, така што наскоро потоа Шиндл, со уште еден убав шут, ги донесе гостите во предност од 2:0.

Коваќ во продолжение пробуваше да го спаси натпреварот. Наместо Робен и Милер, во игра ги вклучи Рибери и Гнабри, која заедно со другите играчи имаа неколку можности, но не беше толку опасно за голманот на гостите кои две минути пред крајот на натпреварот ги казнија. Во 88. минута резултатот 3:0 го постави Херман и дополнително го уништи Минхенскиот клуб, кој сега има четири бода помалку од Борусија Дортмунд.

Коваќ се соочува со тешки моменти. Веќе четири натпревари баварските играчи не знаат за победа, а останува да се види дали по новиот кикс раководството на Баерн ќе реагира и ќе му даде отказ на хрватскиот експерт.

ПОВРЗАНО

Бундеслига