Рано утрово, по наше време, Манчестер Сити го совлада Баерн со 1:0 во пријателски натпревар.
На овој меч дебитираше Ерлинг Халанд, а токму норвешкиот напаѓач го постигна победничкиот гол за Граѓаните.
Goal #️⃣1️⃣ for @ErlingHaaland. 🇳🇴💙pic.twitter.com/DHuaIaptrA
— City Xtra (@City_Xtra) July 23, 2022
Иако се чини дека Ерлинг Халанд веќе се сместил во ритамот на тимот од Манчестер, Пеп Гвардиола вели дека на норвешкиот напаѓач му треба уште време да се прилагоди на тоа што го бара.
„Постигна гол, што е многу важно. Секогаш е тука на тие топки пред голманот. Тоа се неговите први минути, му треба повеќе ритам, повеќе време. Ќе видиме како ќе реагира.
Ќе го извлечеме најдоброто од него за две или три недели. Тренираше многу добро, добро изгледа“, изјави Пеп Гвардиола, пренесува 90min.com.
Да потсетиме, Халанд на „Етихад“ пристигна од Борусија Дортмунд.
Премиер лигата за Манчестер Сити започнува на седми август кога ќе игра против Вест Хем.