Голем успех постигна фудбалскиот клуб Водно, кој учествуваше на силниот фудбалски турнир Овиедо Куп во Шпанија. Со две генерации стигнаа до првото место. Пехари освоија дечињата родени во 2015-та и нивните другарчиња од клубот родени во 2013-та година. Според информациите од ФК Водно, турнирот се играл во многу силна конкуренција, а младите фудбалери одиграле одлично низ целиот турнир и на крајот славеле двоен триумф, и за генерацијата 2013, и за 2015.
Дечињата на ФК Водно растурија во Шпанија, прво место во две генерации на Овиедо Куп (ВИДЕО)
